Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина

Американскиот актер Итан Џејмисон (27), познат по улогата во филмот „Игрите на гладните“ („The Hunger Games“), е уапсен под сомнение дека пукал во тројца мажи во градот Рали, Северна Каролина, соопштија надлежните органи.
Според информациите од полицијата, Џејмисон бил приведен на 8 април поради инцидент што се случил на 22 март во вечерните часови. Полицијата интервенирала по пријава за пукање околу 21:52 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, службениците пронашле лице кое изјавило дека непознат напаѓач, движејќи се со електричен велосипед, испукал куршум кон нивното возило кое било во движење.
Во автомобилот во тој момент се наоѓале уште две лица.
Во текот на истрагата, полицијата го идентификувала Џејмисон како осомничен за пукањето. Според обвинението, тој испукал куршум во правец на возилото, со што директно ги довел во опасност животите на тројцата патници. Против него се поднесени обвиненија за напад со смртоносно оружје, со намера за убиство.
Во инцидентот, според доказите, бил употребен полуавтоматски пиштол калибар 9 милиметри.
На деветти април судот го одбил неговото барање за ослободување со кауција. Следното рочиште за случајот е закажано за 30 април, кога се очекува да се разгледа понатамошниот тек на судската постапка. Ова не е прв судир на Џејмисон со законот. Во март 2025 година, тој бил уапсен во Рали поради спротивставување на службено лице. За тој прекршок бил осуден на 26 март 2026 година, само неколку дена по новиот инцидент.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
