ЕЧСП го разгледува случајот „Сојуз на атеистите против Грција“

Европскиот суд за човекови права во Стразбур разгледува случај за кој се смета дека може да има далекусежни последици за присуството на верски симболи во јавните институции низ Европа. Случајот, познат како „Сојуз на атеистите против Грција“, е поднесен од страна на грчкиот Сојуз на атеисти, кои бараат отстранување на православни христијански икони од судниците, тврдејќи дека тие го нарушуваат правото на фер судење и слободата на мисла, совест и религија, пренесува Литургија.мк.
Спорот започна во 2018 и 2019 година, кога атеисти учествувале во судски постапки поврзани со верски прашања, како што е прашањето за верското образование. Тие побарале отстранување на иконите од судниците, аргументирајќи дека нивното присуство создава пристрасност и дискриминација, особено во случаи каде се вклучени православни чинители како Црквата на Грција. Грчките судови, вклучително и Врховниот административен суд, ги одбиле овие барања, сметајќи дека иконите се дел од националната традиција и не влијаат врз објективноста на судењето.
Според правни аналитичари, овој случај оди подалеку од едноставното присуство на икона и бара од Судот да појасни што значи „неутралност на државата“ според Европската конвенција за човекови права, конкретно членовите 6 (право на фер судење) и 9 (слобода на религија или верување).
Грција достави свој одговор до Судот на 19 февруари 2026 година, а сега случајот е во фаза на опсудување по разгледувањето на интервенциите од трети страни. Одлуката се очекува во првата половина од 2026 година и може да влијае на судниците и јавните простории во сите 46 земји-членки на Советот на Европа. Овој случај потсетува на претходни спорови, како оној со крстови во италијанските училишта, и го отвора прашањето за балансот меѓу културното наследство и секуларната неутралност, објавува Литургија.мк
МИА
Ново на Сител
-

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса
-

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
-

Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
-

Минчев: Да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет
-

Започнува регионалниот проект EQUALS за унапредување на бесплатната правна помош
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка - минус три степени, најтопло во Кавадарци седум степени
-

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во изралекси напад во источен Либан
-

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија
