Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
Гаснењето на пожарите од водух и годинава горлив проблем за надлежните. Во моментов нема ниту еден ер трактор. Сите три се на сервис во Австрија. Годишните технички прегледи кои чинат многу, се прават во странство, додека дома имаме соодветен кадар да ги врши овие прегледи.
„Еден преглед чини 300 350 илјади, они немаат еден имаат 100 ќе си чекаме а дома имаме кадар“, изјави Стоје Арсовски, пензиониран пилот на ер трактор.
-Не знам зошто досега се правеле прегледите во странство, вели Стојанче Ангелов.
Но, и кога ер тракторите ќе го поминат прегледот и ќе се паркираат во Петровец, нема кој да ги управува. Имаме само еден пилот кој умее да управува со овие воздухоплови, кои се категоризираат како едни од најсложените. Прва опција на маса е решението од лани. Течат преговорите со пензионираните пилоти да се вратат на работа со договор на дело.
Пилотирањето воопшто не е примамливо за младите, а обуките се скапи.
Ангелов кој пред четири дена седна во директорската фотелја на ДЗС, најави зголемување на платата на пилотите за неколку недели, како механизам да има поголем број на лица кои ќе се занимаваат со оваа професија.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар