Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од МВР.
-По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово, велат од МВР.
„Грин лајф“ се занимава со одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за употреба во фармацијата, а операцијата е дел од континуираните акции за запирање на илегалната трговија со дрога.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, поради констатирани низа недоследности во работењето.
Покрај на „Грин лајф“, одземени им се лиценците и на компанијата „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа на „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“.
Со одлука на Владата надлежните започнаа контроли во сите 43 компании кои имаат дозволи за одгледување медицински канабис, по заплената на над 40 тони марихуана од неколку компании пред две недели.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
