Македонија
20. July 2022 - 19:42

Еден загинат и 4 повредени во сообраќајка кај Штип

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип Кочани. Едно лице на возраст од 67 години загина, а четири се повредени. Несреќата се случила попладнето околу 14.50 на делницата помеѓу селата Долни Балван и Крупиште, кога дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила. Поради силината на ударот мораше да интевенира и противпожатната единици за извлекување на повредените.

-Од страна на ПП единица беше реагирано веднаш со едно возило и петмина пожарникари. На лице место затекнавме страотна сообраќајка, при која, во едното возило имаше 4 тешко повредени лица, а во другото возило едно починато лице. Од страна на противпожарната беше спроведена акција за извлекување на 4-те повредени лица- изјави ДАРКО КОЦЕВ, КОМАНДИР НА ТППЕ – ШТИП

Повредените со возила на итната медицинска помош се пренесени во штипската клиничка болница, Кај сите нив се констатирани скршеници и се хоспитализирани на одделението за ортопедија. Според информациите од болницата сите се вон животна опасност. Патот е затворен за сообраќај и возачите се пренасочуваат кон алтернативни патишта.