Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто

Во 2025 година, жените држеа 33,6% од местата во националните парламенти низ ЕУ, што претставува зголемување од 5,4 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.
Најголем удел на жени во своите парламенти имаат Финска Финска (46,0%), Шведска (44,8%) и Данска (44,7%), додека Кипар (14,3%), Унгарија (15,6%) и Романија (22,0%) имаат најнизок.
Во споредба со 2015 година, сите земји од ЕУ забележаа зголемување на уделот на жени претставнички, освен Германија (-3,5 пп). Меѓу земјите од ЕУ во кои се зголемил уделот на жени во парламентот, во четири има над 10 пп зголемување: Летонија (+19,0 пп), Малта (+14,8 пп), Франција (+10,9 пп) и Чешка (+10,6 пп).
Жените, исто така, држат 31,9% од местата во националните влади, што е зголемување од 4,2 процентни поени во споредба со 2015 година. Во македонската влада жените учествуваат со 12,5%, што е зголемување од 2,5 процентни поени во однос на 2015 година.
Учеството на жени во владата е највисоко во Финска (60,0%). Паритет беше постигнат во Шведска (50,0%), а во Франција, речиси половина од членовите на националните влади беа жени (48,6%).
Спротивно на тоа, Унгарија немаше жени во својата национална влада, Романија имаше само 10,5% и Чешка 11,8%.
Во повеќето земји од ЕУ, учеството на жени во националните влади порасна од 2015 година. Финска забележа најголемо зголемување (+26,7 процентни поени), по што следуваат Литванија (+20,4 процентни поени) и Естонија (+17,5 процентни поени). Намалувања се регистрирани во 6 земји од ЕУ: Романија (-24,5 п.п.), Словенија (-7,7 п.п.), Чешка (-5,8 п.п.), Холандија (-4,2 п.п.), Белгија (-1,1 п.п.) и Полска (-0,8 п.п.).
МИА
Ново на Сител
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
