Македонија
2. November 2022 - 21:19

Едно лице приведено за заканите со бомби -Дали дојавите имаат врска со бизнис интереси за обезбедување на школите?

Средните училишта и натаму ќе останат без физичко обезбедување бидејќи истечен е договорот за ангажирање на агенција за обезбедувањње. Веќе два месеци училиштата се снаоѓаат индивидуално да се погрижат за безбедноста на учениците и обејктите. Од Град Скопје велат разрешениот ген-сек направил овие договори бидат со времетраење од еден месец и средните училишта сега немаат можност да распишат нов конкурс за прибирање понуди за физичко обезбедување.

Актуелното раководство се сомнева дека проблемот со обезбедувањето и лажните дојави за бомби доаѓаат од ист центар со тенденција да се предизвика хаос во Градот и средните училишта. ж

Повеќе од 3 часа попладнево градоначалничката на состанок со службите барала решение како да ја надминат оваа состојба. Поради овие дојави учениците изгубија многу часови, но за град скопје не е опција преминување на онлајн настава. За состојбата во училиштата свикан е и кризниот кризниот штаб на градот.

Ова е 4 ден во изминатите две недели како во скопските средни училишта пристигнуваат лажни дојави за бомби.