Loading Video...
Фудбал
28. April 2021 - 19:48

Ефикасна игра на Аврамовски и Јаховиќ во Турција

Одличен настап на македонските интернационалци во шампионатот на Турција.  Во листата на стрелците попладнево се запишаа  Даниел Аврамовски и Јаховиќ. 
Аврамовски кој настапува за Кајзериспор постигна два гола во победата на неговата екипа од 6-3 против Денизлиспор.  Со оваа победа Кајзериспор има 38 бода и води грчевита борба за опстанок со бод повеќе од дури три екипи кои имаат натпревар помалку. 
Адис Јаховиќ го донесе во водство Ѓозтепе во дуелот со Трабзонспор но гостите на крајот обезбедија конечни 1-1. Екипата на македонскиот интернационалец нема проблеми со  опстанокот и следната сезона ќе игра во Суперлигата.