Loading Video...
Фудбал
4. February 2022 - 11:12

Египет елиминира Камерун и закажа финале со Сенегал во Африканскиот куп на нациите

Репрезентациите на Сенегал и Египет ќе играат во финалето на Африканскиот куп на нациите што се одржува во Камерин. 

Ова е исходот по одиграниот втор полуфинален натпревар во кој Египет на пенали го елиминира домаќинот Камерун. 

Иако Камерунците ја имаа доминацијата, а во два наврати погодија и статива, сепак по 90, но и дополнителните 30 минути во продолжението немаше голови. 

Во пенал „рулетот“. Многу подобри беа фудбалерите на Египет кои реализитаа четири удари, додека нивниот голман Габаски одбрани два од трите нереализирани удари на домаќините.  

Така Египет се избори за финале против Сенегал кој во првиот полуфинален меч ја опотврдија фаворитската улога и со 3-1 во полуфиналето ја победија репрезентацијата на Буркина Фасо.

Финалето на Африканскиот куп на нациите меѓу Египет и Сенегал ќе се игра во недела со почеток од 20 часот.