ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот тим да го одигра реванш натпреварот во финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.
Иако допатува во Скопје, тимот од Атина одби да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ на реваншот на 25 мај, незадоволни од бројот на гостински навивачи на кои им беше дозволен влез на трибините.
На грчкиот тим му е изречена и парична казна во износ од 20.000 евра.
ЕХФ воедно му изрече глоба и на Алкалоид во износ од 5.000 евра поради тоа што „не му ја обезбедил на АЕК бараната бројка влезници за гостински навивачи“.
Алкалоид победи на првиот натпревар во Атина со 29-25, а откако АЕК одби да го одигра реваншот, ЕХФ на 5 јуни го регистрираше натпреварот со службени 10-0 и му ја додели титулата на македонскиот тим.
Ново на Сител
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите