ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари

Бугарија ги исполнува условите за приклучување кон еврозоната од 1 јануари наредната година, соопшти денеска Европската комисија при претставувањето на вонредниот извештај за подготвеноста на земјата за воведување на заедничката европска валута.
ЕК препорачува Советот на ЕУ да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната од почетокот на 2026 година. Комисијата потсетува дека сите држави членки на ЕУ стануваат дел од еврозоната штом ги исполнат критериумите, освен Данска, која пред пристапувањето побарала изземање од обврската за воведување на еврото.
Според оценката, бугарската економија е доволно подготвена, а националното законодавство е усогласено со европското. Комисијата го нарекува ова „историски чекор“ за Бугарија, пренесува БТА.
– Еврото е симбол на европската сила и единство, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Благодарение на еврото, бугарската економија ќе зајакне, ќе се зголеми трговијата со земјите од еврозоната, ќе пораснат странските инвестиции, пристапот до финансирање, квалитетните работни места и реалните приходи. Бугарија ќе го добие заслуженото место во донесувањето одлуки во срцето на еврозоната- порача таа.
По денешните извештаи на ЕК и Европската централна банка, започнува законодавен процес во ЕУ. Прво ќе се разговара на состанокот на земјите членки на еврозоната на 19–20 јуни, потоа ќе следува политичко одобрување од Европскиот совет на 26–27 јуни. На 30 јуни, Европската комисија треба официјално да предложи усвојување на одлуката од Советот на ЕУ, кој ќе гласа на 8 јули. Истовремено, Европскиот парламент ќе гласа за своето мислење во Стразбур, засновано на претходно усогласен извештај.
Одлуката за влезот ќе се носи по три точки, при што за определување на курсот лев-евро ќе биде потребна едногласност, а за останатите делови ќе биде доволно квалификувано мнозинство.
Ново на Сител
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
