Албанезе: Нападот на плажата Бонди е поттикнат од „идеологијата на Исламска држава“

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека напаѓачите одговорни за терористичкиот напад на плажата Бонди се чини дека биле под влијание на идеологијата на Исламска држава, пренесе ДПА.
„Се чини дека ова било мотивирано од идеологијата на Исламска држава“, изјави Албанезе за Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Sydney).
Идеологијата на Исламска држава „доведе до оваа идеологија на омраза, а во овој случај, до подготвеност за вклучување во масовни убиства“, додаде тој.
Запрашан дали се прави доволно за борбата против антисемитизмот во Австралија, Албанезе кусо одговори: „Правиме што можеме“.
-Сакаме да го искорениме антисемитизмот. Тоа е целта тука, посочи австралискиот премиер.
Нападот во неделата, што се случи за време на еврејскиот фестивал Ханука, остави 15 жртви.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше австралиската Влада за тоа што не успеа да спречи растот на антисемитизмот во Австралија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Според Џилијан Сегал, специјален претставник на Австралија за борба против антисемитизмот, инцидентите се зголемиле за 316 отсто помеѓу октомври 2023 и септември 2024 година, со пријавени повеќе од 2.000 случаи, вклучувајќи закани, напади, вандализам и заплашување, пренесува ДПА.
Меѓу овие инциденти беше и нападот со палење на синагогата во Мелбурн во декември 2024 година, за кој австралиските власти го обвинија Иран и го протераа неговиот амбасадор.
Истражителите изјавија дека напаѓачите на плажата Бонди биле татко и син. Педесетгодишниот татко бил застрелан на местото на настанот од страна на полицијата, а неговиот 24-годишен син бил ранет, уапсен и останува хоспитализиран.
Владата го класифицираше нападот како антисемитски тероризам.
Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, денеска потврди дека две рачно изработени знамиња на Исламска држава се пронајдени во автомобилот на 24-годишниот напаѓач.
МИА
Ново на Сител
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
