Преглед на вестите од светот
Постигнат е напредок во врска со можните безбедносни гаранции за Украина во обидот за ставање крај на војната, која почна со руската инвазија пред речиси четири години. По повеќечасовни разговори во Берлин со украинската страна, дополнително е развиен безбедносен пакет, кој вклучува одредби моделирани според Членот 5 од Договорот на НАТО.
Пакетот, исто така, опфаќа мерки за следење и превенција на конфликти за да се осигура дека украинското население се чувствува безбедно. Според функционерот, ова не претставува распоредување на американска војска во Украина. Членот 5 од Договорот на НАТО предвидува дека вооружен напад врз еден или повеќе членки на НАТО во Европа или Северна Америка ќе се смета за напад врз сите нив.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и бројни други европски лидери се залагаат за мултинационални сили кои би обезбедиле можен прекин на огнот во Украина. Силите би биле предводена од Европа и поддржани од Соединетите Држави. Тие би им помагале на украинските вооружени сили и би ја обезбедиле безбедноста на воздушниот простор и морињата, се вели во заедничката изјава усвоена синоќа, на состанокот на германскиот канцелар Фридрих Мерц со европските лидери во Берлин.
Декларацијата ја потпишаа Мерц и неговите колеги од неколку држави како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На состанокот присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на американската преговарачка делегација. Зеленски гледа напредок по преговорите со претставниците на САД за мировен план за неговата земја, но рече дека остануваат голем број тешки прашања.
Три четвртини од Украинците се противат на големи отстапки како дел од мировниот план, покажа анкета спроведена во Украина, чии резултати беа објавени денеска. Анкетата на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажа дека 72 отсто од Украинците се подготвени за договор со кој се замрзнува сегашната линија на фронтот и содржи одредени компромиси.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска го посети во болница во Сиднеј Ахмед ал Ахмед, човекот кој се нафрли на еден од вооружените лица и му ја одзеде пушката. Во разговор со новинарите, Албанезе рече: „Ахмед Ал Ахмед го претставува најдоброто од нашата земја. Нема да дозволиме оваа земја да биде поделена“.
Бројот на жртви во нападот е 16, вклучувајќи го и еден од напаѓачите кој беше застрелан од полицијата, а соучесник е во критична состојба во болница.
Поплавите покрај река во Туквила, државата Вашингтон, ја натераа полицијата да затвори пат и да постави барикади во понеделник (15 декември), бидејќи нивото на водата се
Делови од Британска Колумбија се соочија со зголемен ризик од поплави во понеделник бидејќи обилните дождови во комбинација со топењето на снегот предизвикаа брзо зголемување на нивото на реките.
Одделот за животна средина на Канада издаде портокалово ниво на предупредувања предупредувајќи дека до 80 милиметри дожд може да наврнат на повисоки надморски височини. Портокаловите предупредувања укажуваат на лошо време кое веројатно ќе предизвика значителни штети или нарушувања.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
