Економистите очекуваат раст на цените во иднина
Растот на цената на нафтата и нафтените деривати, продуцира поскапување и на основните производи. Економистите сметаат дека, ние како мала земја, не можеме да ги диктираме цените ниту на прехрамбените продукти, зашто имаме дефицит и сме увозно зависни.
- Ние немаме сопствен производ, сопствен бренд, со кој ќе можеме да влијаеме на стабилизирање на цените. Сведоци сме дека и основните градинарски производи се од увоз. Немаме наше производство кое може да ги задоволи потребите на домашнот пазар, а од друга страна, дел од нашето производство се извезува, така што директно сме зависни од движењето на цените на светскиот пазар, на сите производи, не само на нафтените деривати, туку и на оние суровини или репроматеријали кои ги увезуваме, а се потребни при производство на производи во нашето стопанство, изјави Глигор Ивановски, економист
Ивановски додаде дека цените ќе растат и во иднина, без разлика на заложбите на државата за нивна стабилизација.
- Не можеме само со намалување на трговската маржа да ги намалиме цените. Трговската маржа е само еден дел од крајната цена по која се продаваат производите. Имаме и цена на производство, цена на чинење, која е висока, бидејќи имаме ниска продуктивност и превработеност. Имаме преголеми давачки кон државата од страна на стопанството, така што сето тоа влијае и на крајната цена, додаде Ивановски
За растот на цените и осиромашувањето на граѓаните влијае и тоа што економијата не ни е поставена на здрава основа.
- Секој гледа вината да ја префли на друг, производителите на трговците, трговците на државата, државата на производителите, а во суштина сите сме дел од една единствена економија, изјави Ивановски
Потребни се и реформи во даночната политика, зашто скоро 30% од платата на работниците се издвојува за придонеси и даноци.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар