Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
Заштеди до 2,000 денари по ученик ќе им донесе Училишната кошница на домаќинставта. Намалените цени до 15 отсто на потребниот школски прибор, ќе го подобрат стандардот на граѓаните, сметаат од власта.
Мерката ќе трае еден месец, до 15 ти септември, а книжарниците кои нема да ја почитуваат – ќе заработат казна до 10 илјади евра.
За високите цени на храната пак, за сега нема мерки.
Ристески очекува дека веќе се стабилизира инфлацијата и ќе следува поевтинување на основните прехранбени производи. Но ако сепак цените продолжат да растат - имаат неколку опции за да интервенираат. Ристески не ја исклучува можноста и за измени во Законот за нефер трговски практики,.
Казни за маркетите кои ги билдаат цените и наплаќаат скроени маркетинг услуги најави и премиерот Мицкоски.
Се чека Комисијата за заштита на конкуренцијата да излезе на терен и да ги санкционира прекршителите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар