Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
Одработување за ВМРО-ДПМНЕ е гревот кој Филипче му го стави на Шилегов поради што екс градоначлникот на Скопје доби црвен картон на Бихаќка. Не ситнат за да владеат како што сакаат, вели опозицискиот лидер.
Шилегов врати со речи си идентични обвинувања. Според него, Филипче е во договор со ВМРО-ДПМНЕ за да биде заштитен од евентуален кривичен прогон.
За периодот кој следи, Шилегов најавува нова платформа која ќе обедини луѓе кои се погласно ќе бараат оставка од актуелното раководство на партијата и нејзино враќање на членовите бидејќи како што рече, во моментов таа се користи само за одредена групација да се пазари за сопствената слобода.
Според партискиот Статут, за Шилегов да биде исклучен од СДСМ одлука треба да донесе неговата општинска организација, а тоа е извршниот одбор на општинската во Карпош.
Минатата година од СДСМ исклучен беше уште еден поранешен потпретседател. За наводна соработка со власта забрана на Бихаќка доби и Јован Деспотовски, а пред неколку месеци со иста судбина се соочи и еден советник на СДСМ во Карпош откако на седница на општинскиот совет гласаше за предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно партијата сам ја напушти и екс градоначлникот на Центар Саша Богдановиќ кој во моментов формира нова партија.
И додека СДСМ се пресметува со своите поранешни функционери Филипче најавува работна пролет на Бихаќка.
Опозицискиот лидер и денеска обвини дека власта го кочи процесот на интеграција коментирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Уставот Македонија нема да загуби ништо.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
