Македонија
5. March 2026 - 16:34

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител

Ниту доволно финансиска независност, ниту кадар. По европските извештаи доаѓа уште еден во низата, денеска од Европската комисија против расизам и нетолеранција, во кој исто како и во претходните се нотира  дека Собранието се уште ги нема донесено законските измени со кои ќе се подобри работата на институцијата Народен правобранител.

Новиот омбудсман за Сител вели дека за секое вработување мора да добие зелено светло во Финансии. Со буџетот за 2026 година веќе се платени три заостанати кирии од претходната година, што автоматски значи дека е неопходен ребаланс за институцијата да не влезе во нова криза во текот на оваа година.

Загрижувачки е и моментот дека оваа институција има само 83 вработени, од предвидените 183. Но, и оваа бројка е на стаклени нозе, бидејќи многумина заминуваат во пензија.

Во извештајот на ЕКРИ се нотира дека финансиска автономија нема ниту Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во извештајот се наведува дека половично е решен проблемот со Ромите, кои долги години имаат проблеми со вадење на лични документи и матични броеви.  Од 700 лица кои немале доказ за идентитет по незавсноста, сè уште има околу 160 чиј статус не е решен.