Македонија
21. December 2025 - 16:29

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички

Испорачаните барања на Ахмети од партискиот конгрес на ДУИ за користењето на бадентер во секој сегмент на одлучување , па дури и при избор на влада,мешањето во одлуките на Уставниот суд, но и барањето за ветинг на функционери во последните 34 години се надвор од опсегот на Рамковниот договор, смета дел од експертската јавност.

Ако држвата се движи по насоките што ги бара Ахмети тоа ќе значи етничка поделба во општеството, што е во спротивност на ставовите на Ахмети дека ќе се залага за зачувување на унитарниот карактер на државата, велат познавачите.

Најавените постизборни менувања  во македонската и албанската опозиција донесоа само мали кадровски, но не и лидерски промени.

Партиско „освежување“ на Ахмети се сведе на избор на пет потпретседатели кои се веќе дел од врвот на партијата, но за ДУИ изборот претставува континуитет, стабилност и сигурно лидерство во реформскиот процес

-За првпат, во Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство) се вклучени 20 нови членови (над 60 % од составот), кои за првпат стануваат дел од овој висок раководен орган. Истовремено, е постигната достоинствена родова застапеност, каква што досега немало, со 10 жени членки (околу 30 %), што јасно ја потврдува нашата посветеност на инклузивност и еднаквост.

За експертите смената на кадри беше само козметичка. Драстични промени изостанаа и во новото раководство на СДСМ.

Постизборните кадровските промени во Мала Речица значеа нов мандат за Ахмети, и избор на старите партиски лица како Бујар Османи, Еркан Арифи, Арбана Пашоли, Арта Биљали Зендели и Фатон Ахмети за потпретседатели, како и Арбер Адеми за генсек на Партијата.

Во СДСМ како нова сила именувани беа поранешни партиски функционери, екс градоначалници, директори против кои се водат судски постапки, пратеници. Александар Саша Димитијевиќ остана генерален секретар на партијата, а актуелната пратеничка Јована Тренчевска и докторот Александар Трајановски се новите потпретседатели.