Македонија
3. March 2026 - 21:11

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО

Ширењето на евро-атланските вредности и пораката дека Алијансата се грижи за безбедноста и стабилноста на сите членки е јасен сигнал дека Македонија е кредибилен партнер во  НАТО, смета поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, по посетата на Руте. 

На иста линија и воено безбедносниот аналитичар Милан Стефановски - доаѓањето на Руте во Скопје ја потврди услогата на Македонија во Алијансата во моменти на геополитички предизвици и во Украина и на Блискиот Исток.

И покрај смирувачкките пораки по посетата на Руте и заклучокот дека македонската национална безбедност е стабилна, треба да не загрижуваат импликациите по нападите на Блискиот Исток. Евентуален бегалски бран и криза со енергенси не се исклучени, предупредува Ружин.

Преку систем за рано предупредување, македонските институции во координација на партнерските служби вршат проценка на ризиците од ескалација на немирите.