Македонија
17. October 2023 - 16:32

Експертите оценуваат : Со Законот за амнестија Собранието ја игра улогата на суд

Со законот за амнестија собранието презема улога на судска власт и  страдаат уставното и кривичното право смета експертската јавност. Се прават измени кои се незамисливи во судската сфера вели професорот Шкариќ кој оцени дека законот  се носи од нужда а не од рационални причини. Единствено оправдана амнестија според него,  била онаа во 2018 поради прекршоци и пропусти во ковид кризата.

Академик Камбовски смета со овој закон собранието упаѓа во сферата на казнената политика, а аргументите според кои треба да се донесат измените треба да се преиспитаат.

Стручната фела се  сомнева дека на овој начин би решил проблемот со пренатрупаноста во  затворите. Предупредија дека е важно Собранието да внимава како ќе ја оценува законитоста

Предлог законот за амнестија е ставен на дневен ред на пленарната која е закажана за 2 ноември. Потребата за негово носење  ќе ја образложи министерот за правда, а законот ќе се носи по скратена постапка. Со законот за амнестија, на слобода ќе излезат 286 осудени лица  чии казни се до 6 месеци затвор.