Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново

Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид).
Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер Омерагиќ, додека гостите изедначија во судиското на дополнување преку 19-годишниот Давид Матески во 90+1 минута. Од големата радост тој го соблече дресот што беше втор жолт картон за него и воедно црвен.
Во изведувањето на пеналите за победничкиот тим прецизни беа: Јахја, Бакрачески, Каланоски и Илиески, додека ударот на Спиркоски голманот на Вардар Талески го одбрани. Кај Вардар сигурни од белата точка беа: Цветковиќ и Босанчиќ, додека Дамјан Серафимов ги одбрани ударите на Николов и Данев.
На вториот денешен натпревар од четвртфиналето во Куманово второлигашот Шкендија Арачиново го елиминираше Работнички со победа од 3:1.
Утре во Кратово од 14 часот ќе играат: Детонит Плачковица и Силекс, додека поради настапот на Шкендија Тетово во УЕФА Конференциската лига натпреварот Струга – Шкендија ќе се игра на 18.март.
МИА
Ново на Сител
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
