Елисејска палата: Макрон ќе именува нов премиер во следните денови
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент вчера му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру.
Бајру, кој побара гласање за доверба, денеска ќе поднесе оставка, изјави кабинетот на премиерот.
Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да ја потврди легитимноста на неговиот буџетски план.
Како што објави „Ле Фигаро“, 364 пратеници гласаа против, 194 за, додека 25 беа воздржани.
- Националното собрание не го одобри излагањето за општите насоки на политиката на владата.
Премиерот мора да ја поднесе својата оставка до претседателот на републиката, изјави претседателката на Националното собрание, Јаел Брон-Пиве.
Падот на Бајру го принуди францускиот претседател да го бара својот четврти премиер во изминатите 12 месеци.
МИА
Ново на Сител
-
Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив
-
Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
-
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили