Фудбал
12. November 2022 - 19:59

Елмас и Несторовски стрелци во победата на Наполи против Удинезе

Во извонредно интересен натпревар  Наполи го совлада Удинезе со 3-2 и  успешно граби кон шампионскиот трофеј. 
На овој меч блеснаа македонските репрезентативци  Елмас и Несторовски кои постигнаа по еден гол за своите екипи. 
Елмас беше асистент за првииот гол на домашниот тим кој го постигна Осимен а самиот го постигна третиот погодок за домашните откако претходно во листата на стрелците се запиша и Зјелински. 
Кај гостите покрај несторовски гол забележа и Самарџиќ.