Loading Video...
Фудбал
20. December 2021 - 11:18
Елмас му донесе победа на Наполи во дербито против Милан
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ми донесе победа на својот тим Наполи на гостувањето кај Милан во дерби мечот од 18.коло на Серија А.
На натпреварот одигран на „Сан Сиро“, Наполи забележа минимална победа над Милан со 1-0, а токму Елмас беше стрелец на единствениот погодок на мечот.
Уште во петата минута, македонскиот репрезентативец се најде на вистинското место по корнерот што го изведе Зјелински, и со глава го совлада домашниот голман Мајк Миањан.
Иако домаќините во продолжението на средбата се обидауваа да стигнат до израмнување, а во последната 90-та минута постигнаа и гол кој беше поништен поради офсајд, на крајот наполитанците беа оние кои го освоија трите бодови.
Со нив, Наполи сега се искачи на 2.место на табелата со 39 бода, колку што има и Милан на третото место, додека водечкиот Интер има четири повеќе од конкурентите.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->