Loading Video...
Фудбал
27. May 2021 - 19:56
Елмас: Не е доволно само да се учествува на ЕП
Македонија го избори првото учество на ЕП и својата одисеја ќе ја започне од Романија каде ќе игра против Австрија и Украина.
Елиф Елмас ќе игра сепак по втор пат на европско првенство откако претходно играше за младата репрезентација на Македонија на ЕП во Полска.
Играчот на Наполи очекува добри игри а не само статирање колку да се учествува на континенталниот собир: „Знаеме што направивме до овој момент, но, продолжуваме да работиме исто како и претходно, затоа што сите размислуваме на што е можно поголеми успеси. Како што кажав и по Грузија, никогаш не се задоволувам со пласман на едно ЕП. Неколку играчи од тука играа и на У21-првенството, знаевме кога дојдовме во А-тимот како е тоа. Направивме уште поголем успех од тоа, сега сме на сениорското ЕП и размислуваме само да го одиграме како што треба овој настан и да донесеме уште поголеми успеси. Сега се ќе зависи од нас.
Три месеци размислувам само за ЕП, откако дојдов во хотел, се оставив на страна. Само репрезентацијата ме интересира. Ова е животна желба на секој играч. Доаѓаме од мала држава, ова е нешто големо за сите и целиот наш народ. Се разбира дека имам и мала трема, но јас велам дека оној кој го сака фудбалот мора да има некое жарче во него кое гори за да сака повеќе. Играме за државата во која сме родени, во која сме израснале и сме направиле многу. Кога ќе видиш дека си го направил целиот народ горд, тоа ме прави уште посреќен.
Македонија може да направи големи работи на ЕП. Пред овој циклус имавме добри настапи, но, на настанот ќе има доста работа и многу новитети за нас, па ќе мора пак да се докажуваме. Ќе мора да покажеме дека не сме туку-така пласирани на ЕП и дека сме таму само да се „прошетаме“. Ние ќе играме со големи репрезентации, ама веруваме во позитивен резултат. Одиме на ЕП да ја поминеме групата“, изјави Елмас.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->