Loading Video...
Фудбал
9. December 2021 - 22:04
Елмас со два гола го спаси Наполи од елиминација во Лигата на Европа
Во Лигата на Европа се одиграа последните натпревари од групната фаза од кои издвојуваме два.
Екипата на Наполи ќе игра во нокаут-фазата и тоа благодарение на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.
Во директна пресметка за второто место во Ц групата, Наполи го победи Лестер со 3-2, а вториот и третиот, победнички гол, ги постигна Елмас, откако Оунас му донесе предност на домашнот тим, а гостите преку Еванс и Хал го израмнија резултатот.
Сепак благодарение на вториот гол на Елмас, тимот на Наполи стигна до трите бодови со кои го обезбеди 2.место во групата, а со тоа и продолжување на својот настап во Лигата на Европа.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->