Македонија
18. November 2020 - 12:33

Епидемијата на Ковид донесе епидемија на психички проблеми

Со коронавирусот се појави епидемија на страв и анксиозност. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни состојби, нарушувања во спиењето, тешкотии во концентрацијата и зголемување на злоупотреба на супстанци со пролонгирање на времетраењето на пандемијата. Бомбардирани со најразлични информации кои се шират се јавува дополнителен немир и недоверба посочуваат психолозите.

Ваквите појави потполно ја окупираат личноста. Светлана Илоски специјалист по медицинска психологија вели дека физичката активност, излегување на отворено, придржување на мерките за заштита, и поддршката од семејството и средината се едни од препораки како граѓаните сами да си помогнат за да го сочуваат менталното здравје.

Инаку охриѓани кои имаат потреба од стручна помош можe да добијат психолошка поддршка по телефон од тим психолози од одделот за ментално здравје при општата болница.