„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток

„Поради моменталната ситуација на Блискиот Исток, авиокомпанијата одлучи привремено да ги откаже летовите до Дубаи“, се вели во соопштението, додавајќи дека компанијата „постојано ја следи геополитичката ситуација на териториите што ги опслужуваат и летаат нејзините авиони“ за да обезбеди „највисоко ниво на безбедност“ за летовите.
Авиокомпанијата вчера откажа два лета од Париз до Дубаи, а исто така се откажани и два лета од Дубаи до Париз планирани за денеска.
„Ер Франс“ ја следи ситуацијата во реално време и подоцна ќе објави повеќе информации за својот распоред“, соопшти францускиот превозник.
Соединетите Американски Држави вршат притисок врз Иран во последните денови, иако се чини дека се откажале од можноста за воена интервенција, забележуваат агенциите.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
