Ешбурн, град што го поврзува светот

Во САД постои мал град кој управува со речиси целиот светски интернет. Тоа не е некоја метропола со облакодери и неонски светла, туку мирно и навидум сосема обично место за кое повеќето луѓе никогаш не слушнале.Речиси сè што денес постои онлајн поминува низ него.ТикТок видеа, Јутјуб содржини, онлајн плаќања, пораки, па дури и доцните нарачки на храна – сè прво се поврзува преку оваа точка пред да стигне до корисниците низ светот.
Однадвор, зградите изгледаат сосема незабележано – нема големи логоа, нема светлечки реклами, ниту нешто што би привлекло внимание додека минувате покрај нив. Но зад тие затворени фасади се крие вистинска машинерија на модерниот интернет – систем што работи непрекинато, 24 часа на ден, без застој ниту за секунда. При тоа, доколку овој град остане без електрична енергија или ако неговата инфраструктура престане да функционира, последиците би можеле да се почувствуваат низ целиот свет. Интернет-страниците би паднале, апликациите би престанале да работат, а комуникацијата и дигиталните услуги би се нарушиле за само неколку моменти.
Голем дел од современиот живот, кој денес зависи од интернетот, би можел практично да се замре. А сета таа моќ е во едно навидум „здодевно“ американско гратче. Причината зошто токму ова место станало срцето на интернетот лежи во неговата географска и инфраструктурна позиција. Градот кој има околу 47.000 жители, се наоѓа во близина на американската престолнина Вашингтон. Располага со огромни извори на електрична енергија и претставува точка каде што се вкрстуваат големи мрежи на оптички кабли.
Станува збор за Ешбурн – мал град во сојузната американска држава Вирџинија. Градот денес важи за едно од најважните места за функционирањето на глобалниот интернет. Државата денес има повеќе од 600 дата-центри – повеќе од кој било друг регион во светот, а токму Ешбурн е централната точка на оваа огромна дигитална инфраструктура. Според различни процени, дури до 70 проценти од светскиот интернет-сообраќај секојдневно поминува низ дата-центрите во оваа област. Поради тоа, многумина го нарекуваат Ешбурн, градот што управува со светскиот интернет. Градот располага со стотици објекти што ги користат најголемите технолошки компании во светот, меѓу кои се „Амазон, Фејсбук и Гугл.
Развојот на Ешбурн како интернет-центар започнал уште во 90-тите години со создавањето на „МЕИ Ист“ (MAE East) – една од првите големи интернет-разменски точки во САД. Со тек на време регионот станал идеално место за изградба на дата-центри благодарение на евтината електрична енергија, одличната оптичка поврзаност и близината до Вашингтон. Денес ова мало место претставува значајна точка за светскиот дигитален систем. Доколку градот замре, последиците би можеле да бидат сериозни. Поточно, од прекин на видео-стриминг платформите и социјалните мрежи, до проблеми со финансиските трансакции и клауд услугите што ги користат милиони луѓе и компании ширум светот. Од тука, иако за многумина изгледа како обично американско предградие, во реалноста е едно од најважните места за функционирањето на модерниот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
