ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија.
Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ.
„Украина го прави она што е потребно, и важно е што и ЕУ си го држи својот збор“, напиша тој. Украинскиот претседател додаде дека почетокот на преговорите претставува „значајна политичка и морална поддршка за државата и украинскиот народ“.
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х, пишувајќи: „Ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“.
ЕУ официјално ги почна пристапните преговори со Украина и Молдавија во јуни 2024 година, но отворањето на првата фаза од разговорите со Киев беше блокирано од унгарското вето. Процесот почна повторно да се движи напред по изборниот пораз на поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, во април.
Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, минатата недела соопшти дека е постигнат договор со Киев за зајакнување на правата на етничкото унгарско малцинство во соседна Украина. Маѓар претходно го постави ваквиот договор како услов за да даде согласност за почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ.
Ново на Сител
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
