ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина

Европската Унија во текот на минатата година регистрирала 540 обиди за странско мешање, при што во 29 проценти од случаите сторителите биле поврзани со Русија, а во шест проценти со Кина, изјави Тадеуш Гжегожевски, раководител на Одделот за информативна безбедност и спротивставување на странско мешање при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Гжегожевски ова го изјави на сослушување пред европратениците од Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент, која расправаше за влијанието на хибридните дејства врз внатрешната безбедност на ЕУ. Тој појасни дека Москва и Пекинг ги координираат и добро ги прикриваат своите активности во оваа сфера, поради што е тешко да се процени вистинскиот обем на нивната одговорност.
Гжегожевски ја опиша Русија како главен нарачател и извршител на обидите за мешање. Според него, овие активности станале дел од руската државна политика, чија цел е поткопување на демократијата, создавање недоверба кон европските институции и поларизација на општеството.
– Користењето на информативниот простор како оружје станува сè почесто – изјави Гжегожевски, наведувајќи дека минатата година 10.500 профили на социјалните мрежи и интернет-страници биле употребени за обиди за странско мешање во ЕУ.
Оливие Ониди од секторот за внатрешна безбедност на Европската комисија истакна дека законодавството на ЕУ треба да предвиди поригорозни мерки против извршителите на хибридни дејства, особено поради порастот на дезинформациите и обидите за мешање во изборните процеси.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
