ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
Европската комисија отвори официјална истрага против платформата за резервација на сместување Booking.com, поради сомневања дека не презела доволно мерки за заштита на корисниците од лажни огласи, интернет-измами и злоупотреба на лични податоци.
Истрагата, која беше објавена на 21 октомври, треба да утврди дали компанијата ги прекршила правилата на Европската Унија утврдени со Законот за дигитални услуги (DSA).
Европските регулатори ќе испитуваат дали на платформата се појавувале лажни огласи за непостоечки апартмани и други сместувачки капацитети, како и случаи во кои измамници лажно се претставувале како сопственици на објекти.
Посебно внимание ќе биде посветено на интернет-измамите при кои се злоупотребуваат податоци за резервациите и гостите, а корисниците добиваат лажни пораки со барања за дополнителни плаќања.
Под истрага е и начинот на кој Booking.com ги прикажува огласите во резултатите од пребарувањето. Европската комисија се сомнева дека одредени сместувачки капацитети добивале подобри позиции затоа што плаќале повисоки провизии, без корисниците јасно да бидат информирани дека станува збор за платена промоција.
Доколку се утврдат прекршувања на европските правила, компанијата би можела да се соочи со казна до шест проценти од вкупниот годишен промет на глобално ниво.
Од Booking.com соопштија дека целосно соработуваат со европските институции и дека безбедноста на корисниците, заштитата на личните податоци и борбата против интернет-криминалот остануваат нивни приоритети.
Европската комисија нагласи дека отворањето на истрагата не значи дека компанијата веќе ги прекршила правилата, туку дека треба дополнително да се испитаат сомневањата.
Ново на Сител
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
