ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје

ТикТок ги прекршува законите на Европската Унија, континуирано изложувајќи ги корисниците на содржини кои би можеле да наштетат на нивната добросостојба и нивното ментално здравје, покажуваат прелиминарните констатации на Европската комисија.
– Секогаш кога корисникот прелистува или лајкува видео на ’ТикТок‘, алгоритмот нуди повеќе од истата содржина, по што корисниците паѓаат во замки од кои не можат лесно да побегнат – изјави денеска потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен.
Тоа може да биде штетно доколку ранливите возрасни лица и малолетниците повеќепати се изложени на видеа на теми како што се тага, изолација или изглед на телото, соопшти Комисијата. Според проценката, поставените мерки за ублажување на ризикот не се доволни.
Корисниците можат да кликнат на копчето „не сум заинтересиран“ за да ги одбијат препорачаните видеа. Меѓутоа, алгоритмот на ТикТок продолжува да дава приоритет на содржини од теми што корисниците претходно ги гледале, наместо да ги почитува нивните преференции.
ТикТок има право на одбрана и може да спроведе промени. Доколку Комисијата на крајот потврди прекршување на Законот за дигитални услуги (DSA), ТикТок би можел да се соочи со казна до 6 проценти од својот глобален годишен промет.
Прелиминарните констатации од денеска се дел од обемната истрага на Комисијата за усогласеноста на ТикТок со Законот за дигитални услуги, која почна во 2024 година.
Досега, истрагата резултираше со обвинувања дека дизајнерските карактеристики на ТикТок кои предизвикуваат зависност ги прекршуваат безбедносните барања на ЕУ и дека платформата ја загрозува безбедноста на децата. Сепак, досега не се изречени казни.
Во 2025 година, Комисијата го обвини ТикТок за прекршување на стандардите за транспарентност на ЕУ, но платформата успеа да избегне казна преку усогласување на својата апликација со законодавството на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
-

ДЗС: Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна во прилепско
-

Сите банки во Македонија најавуваат технички прилагодувања викендов, можни се прекини во плаќањата
-

Милнер се подготвувал за дебитантскиот маратон со помош на вештачка интелигенција
