Македонија
22. December 2025 - 12:19

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот

Штип и бугарската општина Гоце Делчев започнуваат заедничка реализација на прекугранични проекти насочени кон развој на туризмот, поддржани со средства од Европската Унија. Преку проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“ за потребите на Штип се обезбедени 240.000 евра, кои ќе бидат насочени кон реконструкција и унапредување на значајни туристички локалитети.

-Станува збор за туристичка понуда и јакнење на капацитетите со изградба на сместувачки капацитет во историското Ново Село, кое што е „музеј под отворено небо“, реставрација на локалитетот „Л’џи“, изворот на термоминерална вода и рекострукција на сместувачкиот капациет при бањата „Кежовица“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Проектот се реализира преку ИПА 3 програмата, во рамки на Приоритет 3 – Интегриран развој на прекуграничниот регион и е насочен кон создавање одржлив туристички модел, преку поврзување на културното наследство со природните потенцијали на Источниот плански и регионот Благоевград.

-Ова се проекти кои не само што ќе придонесат за развој на туризмот, за создавање на клима за меѓусебна соработка, туку ќе не мотивираат да продолжиме понатаму и верувам дека ова е само продлабочување на една успешна соработка и приказна која со општина Гоце Делчев ја имплементираме, додаде Јорданов.

Инволвирани се седум партнерски организации. Од македонска страна партнер е Општина Штип, додека од бугарска страна учествуваат општините Гоце Делчев и Сандански, како и повеќе здруженија и туристички организации. Вкупната вредност на проектот надминува еден милион евра, при што за македонските партнери се наменети околу 560.000 евра.