ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет

Царините би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна негативна спирала, но Европа ќе остане обединета, координирана и посветена на зачувување на својот суверенитет, порачаа синоќа првите луѓе на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен во заедничка реакција на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за осум европски земји што се спротивставуваат на неговата намера САД да го преземат Гренланд.
-ЕУ изразува целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд. Дијалогот останува од суштинско значење и ние сме посветени на градење на процесот што започна минатата недела помеѓу Кралството Данска и САД, наведуваат Кошта и Фон дер Лајен во заедничката писмена изјава.
Во неа се посочува дека територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право и тие се од суштинско значење за Европа и за меѓународната заедница во целина.
-Постојано го нагласуваме нашиот заеднички трансатлантски интерес за мир и безбедност на Арктикот, вклучително и преку НАТО. Претходно координираната данска вежба, спроведена со сојузниците, одговара на потребата од зајакнување на безбедноста на Арктикот и не претставува закана за никого, се додава во изјавата.
Итен состанок на амбасадорите на ЕУ е закажан за денеска во Брисел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини за стоки од осум европски земји поради ситуацијата околу Гренланд.
Состанокот го организира Кипар, актуелен претседавач со ЕУ. Амбасадорите на 27-те земји од ЕУ ќе се состанат на итен состанок поради ескалацијата на кризата околу Гренланд, а на таквите состаноци амбасадорите обично подготвуваат практични мерки за дискусија на следните министерски состаноци на Советот на ЕУ.
Трамп најави царини од 10 проценти во февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска, кои подоцна ќе бидат зголемени на 25 проценти и ќе останат на сила додека САД не постигнат договор за купување на Гренланд.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
