Еве што се случува во телото по само два дена без цигари…

Ако некогаш сте се обиделе да престанете да пушите, знаете колку е тешко да ја отфрлите таа навика. Дури и ако сте свесни, никотинот не лишува од кислородот, го намалува производството на колаген и влијае на еластичноста на кожата која станува уморна и без сјај.
Неверојатно е што се случува во телото, наведува Хер, во текот на само два дена без цигари. Можеби ова ќе ве поттикне да го замените пушењето со нешто поздраво и со некои други активности.
По само 20 минути се случува нешто важно
Во само 20 минути по последната цигара се успоруваат отчукувањата на срцето, а зголемениот крвен притисок предизвикан од пушењето паѓа. Така што, тогаш се намалува и ризикот од срцев застој и појавување на гушење, а можете да приметите дека и ектремитетите ви стануваат потопли.
Полесно дишете и се движите
Ако не сте знаеле, со пушењето во крвта се собира моноксид, а тој е отровен во големи дози. Освен тоа по престанувањето на пушењето се намалува количината на моноксид, а се зголемува разината на кислородот поради кој полесно дишеме и повеќе мускулите не ни се заморуваат толку брзо.
Срцето работи подоборо
По еден ден без цигари, срцето подобро ја пумпа крвта бидејќи има повеќе кислород, односно повеќе не се мачи.
Вкусот и мирисот на храната се поинтензивни
Штетните супстанци во цигарите ги уништуваат нервните завршетоци, поради што не чувствуваме вкус и мирис на храна како претходно. Само два дена откако на цигарите ќе им кажеме довидување, чувството на вкус и мирис доаѓа во нормална состојба, а сета храна оддеднаш е повкусна.
Ако сте ги издржале овие два дена без цигари, одете понатаму
По овој период можеме да дојдеме до криза бидејќи телото напорно работи за да се одвикне од лошите навики. Стануваме пораздразливи и чувствуваме голема потреба за цигари, но токму тогаш треба да се воздржиме од нив. Пијте повеќе вода, шетајте на свеж воздух, а можат да ви помогнат и никотинските суплименти.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
