Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
Пофалби за реформите, охрабрување за уставните измени и пoрака за консензус за изборниот законик. Еврокомесарката за проширување дојде во Скопје за да му честита на Мицкоски за спроведените реформи но и да го потсети дека без уставни измени напредокот останува ограничен.
Премиерот вети силна посветеност на реформите. Изрази очекување дека Брисел ќе овозможи фер пристапен процес, каков што имале сите кандидати до сега
Грејс периодот за реализација на реформите од планот за раст е продолжен до 15 јули, а за Македонија отворено прашање останува само изборниот законик кој опозицијата го блокира со десетици илјади амандмани. Кос од Скопје побара од партиите да најдат консензус а премииерот уште еднаш повтори дека неговата партија е подготвена да ги прифати сите конструктивни предлози на опозицијата
Уставните измени и натаму остануваат главната пречка на патот до Брисел. Кос вели дека нема начин на Македонија да и се обезбедат гаранции и дека за да се најде решение мора да се изгради доверба меѓу Скопје и Софија. Како да се направи тоа, Кос денеска немаше одговори
Марта Кос посетата на Скопје ја заокружува со средба со спикерот Гаши и увид во реконструкцијата на студентскиот дом Стив Наумов во која дел од средствата се обезбедени од Европската унија.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
