Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
Европската комисија е уверена дека лидерите на ЕУ на денешниот Самит во Брисел ќе ги убедат Словачка и Унгарија да се согласат на усвојување на 18-тиот пакет санкции за Русија.
Претставник на Еврокомисијата брифира дека извршното тело на ЕУ смета „дека ќе се најде начин“ да се постигне консензус за пакетот санкции.
Дипломатски извори наведуваат дека Братислава и Будимпешта би можеле да се согласат на усвојување на санкциите, доколку Еврокомисијата се откаже од планот за постепено целосно ослободување од руските фосилни горива во ЕУ до 2027 година.
Пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Словачка ќе побара одлагање на гласањето за нови санкции кон Русија на собирот.
-Ако не го одложат, ќе ставиме вето... Нема да гласаме за тој пакет, изјави Фицо.
Претходно неделава и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија и Словачка се противат на најавениот нов 18-ти пакет санкции кон Русија.
Ново на Сител
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
-
Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
-
САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија