Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска

Во неколку европски градови се уапсени 30 лица вмешани во кинески синџир за трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска. Помеѓу уапсените се и водачите на криминалната мрежа, соопшти денеска Европол.
Во соопштението се наведува дека „софистицирана кинеска криминална мрежа“ вклучена во илегална имиграција и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација била разбиена по сложената прекугранична истрага координирана од Европол.
Жртвите на кинеската криминална мрежа идентификувани во неколку земји-членки на ЕУ.
На 17 декември полицијата изврши рации во Барселона, Мадрид и Толедо во Шпанија, како и во главниот град на Хрватска, Загреб, при што беа уапсени 30 лица и запленети 180.000 евра готовина, како и оружје, 70 пасоши, опрема за фалсификување пасоши, визи, наркотици, 10 возила и 33 мобилни телефони.
Во операцијата заштитени се вкупно 33 жртви, кинески и виетнамски државјани.
Европол наведува дека е најголемиот синџир за проституција во Европа, организиран од Кинези во февруари 2023 година.
Ново на Сител
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
