Европол заплени осум милиони штетни играчки

Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави.
Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“.
Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што би можеле да претставуваат опасност од пожар.
Тоа е втора операција на Европол во изминатите две години, а вкупниот број на конфискувани фалсификувани играчки, од кои повеќето се од Кина, достигна речиси 17 милиони.
Помеѓу запленетите играчки има и такви „што можат да предизвикаат задушување, давење, исеченици, изгореници и изложеност на хемиски супстанции“, како и „трајни хемикалии“, што би можеле да бидат канцерогени.
Европол упати апел до родителите да бидат внимателни при купувањето за Божиќ и да го ограничат купувањето само кај проверени продавачи.
МИА
Ново на Сител
-

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради снег
-

Алиу: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор, каде што има присуство или движење на повеќе луѓе
-

Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи
-

Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, приведени пет лица за безобѕирно управување на возило
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
