Европски стандарди и избалансираност на опозицијата
Дадената шанса за телевизиски интервјуа првите луѓе на СДСМ ја користат да се силат, навредуваат и да понижуваат смета новинарот Цветин Чилиманов. Во емисијата Пулт на РСМ Чилиманов истакна дека освен политичари од Златна Зора во Грција, не памети интервјуа во Европа каде политичарот наместо проекти во папката да има материјали за навреди кон новинарот кој го интервјуира.
- Заев уште од почетокот почна со навреди, вие сте куртон, режимска телевизија, вадеше имотни листови, на што Латас му врати прекумерно, изјави новинарот Цветин Чилиманов во емисијата ПУЛТ на РСМ.
Според Чилиманов политичарите од опозицијата кои гостуваа на телевизиски интервјуа изминатите денови не покажале основна политичка култура.
- Ова не е победа на која се радуваа СДСМ, значи има разлика, помеѓу Латас и Заев беше бокс меч,а она вчера беше кечерски натпревар, ај ти легни јас ќе те газам, со крвишта, безобразие... додава Чилиманов.
Во едно политичко интервју од голема важност е однесувањето на политичарот, но и неговиот речник, категоричен е новинарот Чилиманов.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
