Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли

Францускиот возач во Формула 1, Пјер Гасли, примил дури 13.000 смртни закани, обелодени денеска претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, во интервју за поткастот „Драјв“.
Бранот смртни закани почнал по трката за Големата награда на Мадрид во средината на септември, по инцидентот на патеката кога Гасли наводно го блокирал својот аргентински колега Франко Колапинто. Некои од фановите на аргентинскиот возач го сфатиле неговиот потег премногу сериозно и почнале да го напаѓаат на социјалните медиуми.
„Пјер Гасли доби 13.000 закани со смрт, 13.000!, рече шокираниот Бен Сулајем, додавајќи дека заканите не биле упатени само кон возачот, туку и кон членови на неговото семејство.
Реакција уследи и од Колапинто, кој во видеообраќање ги замоли своите навивачи да разберат дека поддршката кон него не значи напаѓање на другите.
МИА
Ново на Сител
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
