-->
-->
Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-->

Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар.
Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига.
– ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар.
Под водство на Фабијани, Вардар има една победа над Брегалница и еден пораз од Шкендија во домашниот шампионат, како и елиминација од Купс во квалификациите за Лигата на шампионите и елиминација од Рига квалификациите за Конференциската лига.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
