Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, реагираше по вандализмот врз просториите на Српскиот културен центар во Куманово, каде беа испишани натписи „УЧК“.
Стоилковиќ оцени дека, како што наведува, „ксенофобијата со примеси на шовинизам“ е постојано присутна во јавноста, а особено била изразена во последните две години, период во кој ДПСМ е дел од владејачката коалиција.
„Незаслужениот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивјачка хорда“, напиша Стоилковиќ.
Тој го осуди насилничкото однесување врз имотот и просториите каде, како што посочи, повеќе од 200 деца се занимаваат со фолклор преку КУД „Српски вез“.
Стоилковиќ побара најстрого санкционирање на сторителите, оценувајќи дека скрнавењето со националистички пораки треба да биде осудено и од институциите и од јавноста.
„За политиките кои го поттикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен“, порача Стоилковиќ.
Ново на Сител
-

Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
-

Трамп: Војната во Иран практично е завршена од воен аспект
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
