Loading Video...
Фудбал
27. August 2022 - 17:48
Фернандеш му донесе победа на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед ја оствари и втората победфа во новата сезона на Премиер лигата.
Откако во првите две рунди беа поразени „црвените ѓаволи“ ја остварија и втората победа воп низа. По триумфор на Ливерпул пред седум дена, попладнево Манчестер славеше на гостувањето кај Саутемптонј со 1-0.
Португалецот, Бруно фернандеш во 55.минута беше стрелец на единствениот гол на мечот, вреден три бода за Јунајтед , кој претстојната седмица прво има гостување кај Лестер, а потот во дербито го пречекува Арсенал.
Ливерпул пак бргу го заборави поразот од Јунајтед, па попладнево на „Енфилд“ го демолира Борнему со девет гола разлика.
Целата работа домаќините ја завршија уште во првото полувреме во кое постигнаа пет гола, а во вториот дел придодадоа уште четири за конечни 9-0.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->