Loading Video...
Фудбал
22. December 2018 - 19:46

ФФМ ги прогласи најдобрите во мак-фудбалот

ФФМ на свечена Академија во МНТ ги прогласи најдобрите во  мак –фудбалот во 2018 година.  Најмногу признанија за  фудбалерите на Шкендија.

Фудбалерот на  Леванте Енис Барди е  најдобриот македонски играч во странство.  Покрај стандардните игри во  Шпанија,  Барди одигра одлични натпревари и во националниот тим кој се избори за првото место во групата од Лигата на нациите.

Почестите во домашното првенство му припаднаа на  Бесарт Ибраими  од редовите на освојувачот на двојната круна Шкендија кој исто така ја доби и наградата за најдобар стрелец.

Стратегот на македонскиот првак Шкендија, Ќатип Османи е најдобар тренер додека Енис Фазлагиќ е најдобар млад  фудбалер.

Во женскиот фудбал  наградата за најдобар играч ја доби Александра Ристевски од редовите на Тиверија. Најдобар судија е Марјан Маркоски а најдобар  фудбалски работник сопственикот на  Кит Го Пехчево , Кирил Гогов.

Специјално признание за големиот придонес во мак-фудбалот доби Горан Пандев кој настапува во редовите  на  Џенова.

На свеченоста беа доделени и уште многу награди  во женскиот и младинскиот фудбал како и во футсал.