Loading Video...
Фудбал
28. May 2021 - 19:53
ФФМ го претстави новиот дрес за ЕП, фановите бараат враќање на националните бои
ФФМ денеска го промовираше новиот дрес со кој фудбалските репрезентативци ќе настапат на Европското првенство. Наместо еуфорија, боите на трула вишна и останатите две варијанти на дресот предизвикаа револт кај јавноста и навивачите кои најавија петиција за враќање на стариот дрес.
Македонија на ЕП ќе има можност да настапи во три варијанти на дресот, првата и официјална е во бордо боја, вториот е бел со жолти црти и третиот е црн со портокалова комбинација.
„„Светиот дрес со симболот од нашето национално богатство - балкански рис. Национален симбол со особини со кои може да се идентификуваат фудбалерите и навивачите, без оглед на полот, годините или националната припадност“, стои во Инстаграм објавата на ФФМ.
Ваквите бои на дресовите не им се допаднаа на фановите кои преку социјалните мрежи покренаа петиција за враќање на стариот дрес со традиционалните бои жолта и црвена во кои нашата репрезентација е препознатлива во европскиот фудбал.
И додека коментарите за изгледот на новиот дрес стануваат се побројни репрезентативците продолжуваат со подготовките за еврошампионатот. Сите веруваат дека Македонија може да биде пријатно изненадување во групата со Австрија, Украина и фаворитот Холандија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->