ФФМ ја исплати наградата на репрезентативците
Македонската фудбалска репрезентација ја очекува бараж натпреварот од Лигата на нациите со Косово за пласман на ЕП 2020г. Мечот се игра во март наредната година а ФФМ денеска ја исплати ветената премија за првото место во квалификациската група.
Исплатената премија е во висина од 500 илјади евра како награда за добрите игри на репрезентативците кои ќе ги поделат парите заедно со членовите на стручниот штаб.
Оваа награда е мотив повеќе за сите што го постигнаа овој успех да го остварат сонот не само на оваа генерација туку и на целата македонска фудбалска јавност а тоа е пласманот на следното ЕП – се вели во соопштението на сајтот на ФФМ.
Според пропозициите Македонија доколку го совлада Косово во полуфиналето кое ќе се одигра на домашен терен во финалето ќе игра на неутрален терен со победникот од дуелот Грузија – Белорусија .
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
