ФФМ упатува честитка до клубовите по повод завршената сезона во МФЛ
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упатува искрени честитки до клубовите кои во сезоната 2024/25 постигнаа значајни успеси во МФЛ.
Од името на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и „Куќа на фудбалот“, упатуваме најсрдечни честитки до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица во екипите кои во штотуку завршената натпреварувачка сезона имаат причина за радост и задоволство. Се разбира, честитки и до сите навивачи на клубовите, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е значајна во успесите на својот клуб.
Честитки до ФК Шкендија за освоената титула шампион во Прва македонска фудбалска лига. Тимот од Тетово уште еднаш покажа квалитет, стабилност и победнички менталитет.
Честитки до ФК Вардар за освојувањето на Купот на Македонија. Оваа титула е уште една потврда за вредноста и фудбалската сила на клубот.
Честитки до ФК Силекс и ФК Работнички за обезбедениот пласман во европските натпреварувања на УЕФА. Ви посакуваме успешни настапи и достоинствено претставување на македонскиот фудбал на меѓународната сцена.
До ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Арсими и ФК Башкими за обезбеденото место во Прва МФЛ за сезоната 2025/26. Добредојдовте во најдобрата конкуренција, со желби за натпреварувачки успех и напредок.
Дополнително, ФФМ упатува честитки до ФК Тетекс, ФК Слога Виница и ФК Шкендија Арачиново за успешно изборениот пласман во повисок ранг за следната сезона. Значаен и голем чекор за клубoвите.
Искрени честитки до ЖФК Љуботен за освојувањето на двојната круна. Се надеваме дека достоинствено ќе го претставувате македонскиот женски фудбал во квалификациите од Лигата на шампионите. До ЖФК Кочани за пласманот во Прва ЖМФЛ.
Честитки до младинските тимови за остварените резултати. Охрабрува вашата посветеност, талентот и спортскиот дух. Вие сте гордост за клубовите и македонскиот фудбал.
ФФМ изразува голема благодарност до Министерството за внатрешни работи (МВР), особено до Биро за јавна безбедност (БЈБ) и СВР Скопје за целата поддршка и логистичка помош при организацијата на бараж натпреварите за Прва и Втора лига. Посветеноста и професионализмот овозможија сите натпревари да се одвиваат во безбедна и фер атмосфера.
Исто така, изразуваме благодарност до домаќините на бараж натпреварите за одличните услови и поддршката при организацијата. ОФС Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев и одговорните лица на стадионот во Ѓорче Петров.
Фудбалот на прво место. Ви посакуваме сѐ најдобро во иднина.
Ново на Сител
-
Трамп: Маск направи фантастична работа додека беше шеф на Одделот за владина ефикасност
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
-
Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Денеска и утре во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
Сончево и потопло, попладне можен краткотраен дожд и грмежи
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации