ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје го одржа своето редовно годишно Собрание на кое донесе нов Статут, подготвен во соработка со УЕФА и ФИФА, како и одлука за донесување Страгегија за развој македонскиот фудбал во периодот од 2026 до 2030 година.
Во обраќањето пред присутните 61 од вкупно 65 делегати, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна на повеќе теми, укажувајќи на „системска манипулација“ во работењето на Федерацијата во изминатите 15 години.
„Да бидеме искрени, досега не зборувавме за реален фудбал, туку за бројки што не постојат. До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата, бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција. Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација. Со новиот Статут, тоа завршува. Нема повеќе клубови што постојат само на хартија. Нема повеќе лажни записници. Нема повеќе фиктивен систем“, рече Омерагиќ.
Првиот човек на македонскиот фудбал укажа и на финансиски малверзации во работењето на ФФМ во претходното раководство.
„Во период од само еден месец, од ноември до декември 2024 година, еден месец пред да ја преземеме функцијата, потрошени се околу пет милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот. Пет милиони евра. За еден месец. Ние затекнавме таква состојба и не побаравме алиби. Почнавме да воведуваме ред. Само трошоците за хотелски, чартер летови и авионски карти ги намаливме за повеќе од еден милион евра. Секој денар гледаме каде оди. Затоа што овие средства не се ничии приватни, тие се на фудбалот. Ова што го правиме не е козметика. Ова е пресек. Од систем без контрола, кон систем со правила. Од фикција, кон реалност. И тука нема назад“, рече Омерагиќ.
Собранието на ФФМ на денешната своја годишна седница, исто така, едногласно ги усвои извештаите за работа на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор за изминатата година, извештајот на Надзорниот одбор на ФФМ како и извештаите на правните органи и лиценцните тела за 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
